Осигурување возила

АВТООДГОВОРНОСТ

Полисата за автоодговорност е всушност полисата која мора да ја извадите за да го регистрирате Вашето возило за учество во сообраќајот. Со оваа полиса одите на технички преглед и врз основа на неа и на техничкиот преглед добивате печат на сообраќајната кој е потврда дека возилото е регистрирано.

Со ова осигурување се осигурува одговорноста на сопственикот, односно корисникот на моторното возило за штетите кои ќе ги причини на трети лица со користење на возилото. Со извадена полиса за автоодговорност, вие сте покриени со сите материјални и нематеријални штети кои ќе ги нанесете на трети лица, поради сопствена грешка, со што сте заштитени од трошоците за надомест на штетата на оштетениот.

Предмет на осигурувањето од автоодговорност можат да бидат и патниците во возилото со кое управувате, како и стаклата на истото.

Зелена карта

Зелената карта е проширување на осигурувањето од автомобилска одговорност надвор од територијата на Р. Македонија. Таа е исто така задолжителен тип на осигурување, и истата мора да ја поседувате кога со возилото ја напуштате државата.

Овој тип на осигурување е гаранција дека во случај на штетен настан во кој ќе учествува возилото со кое управувате во странство, штетата ќе биде соодветно надоместена, без разлика дали сте причинител или оштетен.

Гранично осигурување

Граничното осигурување е достапно за сите странски возила, односно возила на домашни и странски лица кои се регистрирани во странство, кои треба да влезат во земјава, а не поседуваат валидна зелена карта. Во ваквите случаеви граничното осигурување, го заменува поседувањето на зелена карта за странското возило. 

Граничното осигурување се склучува врз основа на важечките услови за осигурување од авто-одговорност. Премијата се пресметува и наплатува во девизи, а ова осигурување важи само за подрачјето на Р.С. Македонија.