Осигурување ИМОТИ

Домаќинско осигурување

Домот е јадрото на сечие семејство. Имајќи го тоа предвид, како и фактот колку е потребно да дојдете до дом, а пред сѐ до живеалиште кое е по мерка на вашето семејство, јасно е дека сигурноста на домот треба да биде еден од врвните приоритети на секое семејство.

Затоа тука е домаќинското осигурување, креирано според Вашите потреби и можности. Ова домаќинско осигурување ги покрива најголемиот дел од ризиците кои се однесуваат на градежниот дел на домот, како и на стварите кои се во него, во зависност од пакетот за кој ќе се одлучите.

Имот на правни лица

Осигурувањето на имотот на правни лица опфаќа неколку различни видови на осигурување на малите и средни компании, како и останатите правни лица, со кои се обезбедува целосно покритие од сите ризици со кои се соочуваат правните лица во текот на работењето. На тој начин функцинирањето на еднен правен субјект и задржувањето на солвентноста и во случај на штета на градежниот дел, опремата, машините, залихата и останатиот имот е загарантирана.

Непредвидливите настани кои често се со голем интензитет, за жал, во голем број на случаи не можат да се избегнат, но сепак можат да се избегнат обемните финансиски загуби кои се јавуваат како резултат на остварување на осигурениот случај.

Земјоделско осигурување

Земјоделското осигурување  е тука за да не дозволи долгогодишниот труд кој што сте го вложиле, заедно со огромните средства за оддржување на Вашите посеви и плодови да биде загрозен од временските непогоди што сѐ почесто се случуваат во нашата држава.

Сега Земјоделското осигурување е подостапно од било кога, од причина што 60% од цената на полисата е субвенционирана, со што на осигуреникот му останува да плати само 40% од полисата.

Земјоделското осигурување ги покрива следниве ризици на кои се изложени посевите и плодовите:

– Пожар
– Град
– Удар од гром

Доколку се плати дополнителна премија, покритието може да се прошири и за два дополнителни ризици:

– Поплава
– Пролетен мраз

Осигурителното покритие кои се обезбедува со оваа полиса се однесува на посевите и плодовите на осигурената површина, во период од нивната сеидба до периодот на нивно собирање.