Осигурување лица

Патничко осигурување

Патничко осигурување е една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, а овие трошоци можат да бидат енормни во зависност од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите.

Патничкото осигурување ви нуди осигурително покритие од поголем број ризици и до различни осигурени суми, во однос на тоа кој пакет ќе го изберете. Пакетите за патничко осигурување кои ги подготвивме се креирани да одговорат на различните потреби на граѓаните, а параметрите на трите најчесто користени пакети за патничко осигурување.

Имот на правни лица

Со осигурувањето од незгода можат да се осигураат работни колективи, односно да се заштитат вработените во текот на целото деноноќие, без разлика дали се наоѓаат на работното место или вон него. Овој тип на осигурување се склучува на барање на работодавачот и има за цел да обезбеди целосна финансиска заштита на неговите вработени од евентуален несреќен случај кој може да има последици по нивното здравје и живот. Кон ова осигурување можат да се приклучат и лица вон работен однос, по барање и евиденција на работодавачот.

Со колективното осигурување од незгода се обезбедува сигурност на вработените во случај на:

– Траен губиток на општата работна способност на вработениот
– Смрт од незгода
– Смрт од болест
– Направени трошоци за лекување
– Трошоци за дневен надомест во случај на преодна работна неспособност.

Покрај за колективи, осигурувањето од незгода може да биде наменето и за патници во јавен превоз. Овој тип на осигурување од незгода го вадат субјектите кои вршат јавен превоз со цел патниците кои се превезуваат да бидат осигурени во случај на незгода за време на превозот.

Доброволно здравствено осигурување

Ова осигурување е наменето за сите оние кои сакаат комплетна здравствена заштита и највисок квалитет на здравствена услуга за своите пари. Сите оние кои се дел од државниот Фонд за здравство, односно се здравствено осигурени, сега можат покрај во државните здравствени установи, да користат услуги и во приватните болници и ординации.

Доброволното здравствено осигурување овозможува користење здравствени услуги во приватни здравствени установи со кои осигурителните компании има склучено договор за соработка. 

Осигурување на деца, ученици и студенти

Меѓу оние за чија сигурност се грижиме, посебно место заземаат најмладите членови на општеството, а тоа се децата, учениците и студентите. Ова осигурување нуди целосна заштита во текот на 24 часа, насекаде низ државата и ги покрива сите трошоци настанати како последица на несреќен случај (незгода) со вклучени трошоци за нарушена здравствена состојба за која е потребна лекарска помош.