Осигурување транспорт

Општа одговорност

Предмет на осигурувањето од одговорност претставува законската одговорност на осигуреникот за штета што предизвикала смрт, повреда на телото или здравјето, како и оштетување или уништување на предмети на трети лица. Покриени се штети кои ќе настанат од Вашата дејност и активност, од поседување на објекти и предмети, од правен однос како извор на опасност. Воедно, покриени се штети кои се последица од закуп или плодоуживање на земјиште, згради и простории кои се користат за одвивање на дејноста.

Професионална одговорност

Со ова осигурување обезбедувате заштита во случај на граѓанска парница које е покрената од страна на Ваш клиент заради професионална грешка или матерјална штета која сте ја предизвикале во тек на извршување на Вашата професија. Осигурувањето од професионална одговорност е задолжително за голем број професии, а тенденцијата е оваа облигација да се прошири на сите регистрирани професии, како нужен предуслов за вршење на дејноста. Висината на покритието може да биде во рамки на законски предвидениот минимум или повисоко по желба на клиентот.