Осигурување транспорт

Домашен транспорт

Со осигурувањето на транспорт во домашни услови се покриени сите штети кои настануваат на пратките за време траење на превозот, како што се штети поради сообраќаен удес на превозното средство (судар, удар, превртување), елементарни непогоди (пожар, експлозија, гром), оштетувања кои настануваат поради манипулирање на пратките, како и останатите штети поради транспортните ризици како што се делумна кражба, кражба и неиспорака на цели пакети, покиснување, допир со други предмети и слично.

Осигуреникот при склучување на осигурувањето може да избере помеѓу двете полиси кои се однесуваат на еднократно и повеќекратно вршење на транспортот. Со вадење на поединечна полиса вршителот на превозот обезбедува осигурително покритие кое се однесува на еднократно превезување на одредена стока, додека генералната полиса се однесува на сите пратки кои превозникот ќе ги спроведе во текот на одреден период, најчесто за време на една календарска година.

Меѓународен транспорт

Осигурувањето на транспорт во меѓународен превоз ја осигурува одговорноста на осигуреникот како превозник кон корисниците на превозот за докажана целосна или делумна загуба, оштетување или за задоцнување на пратките во домашен и меѓународен превоз, превземени на превоз со товарен лист или договор. Со склучувањето на договор за осигурување на меѓународен транспорт.

Како и кај домашниот транспорт, и кај осигурувањето кое се однесува на меѓународниот транспорт, осигуреникот може да избира помеѓу два типа на осигурително траење – еднократно или осигурување на подолг рок. Така, со поединечната полиса се осигурува еднократно вршење на транспорт, додека пак содоговорот со отворено покритие превозникот може да го осигура вршењето на меѓународен транспорт на подолг период со кој ќе бидат опфатени сите спроведени пратки.

ЦМР

Осигурувањето ЦМР е специјално креирано за осигурениците кои се бават со извршување на транспорт, со обезбедени оптимални покритија од ризици и суми на осигурување кои одговараат на потребите и можностите на транспортерите. Со овој тип осигурување е осигурена одговорноста на превозникот за примената стока за превоз во патен сообраќај.